Ќе му ја „скинеше“ главата на противникот, црвен картон е малку за ваков брутален старт (Видео)

Иго Етиките стартуваше многу опасно во 44. минута од мечот меѓу Ленс и Ремс и потоа ќе се спасеше од исклучување што апсолутно го заслужи да не беше ВАР системот.

Судијата Беноа Бастиен во прв обид не го виде добро стартот на 19-годишниот напаѓач на Ремс директно со ѓон во главата на противникот, па му покажа на Етиките само жолт картон.

Сепак по сугестија на судиите во ВАР собата замина да го прегледа моментот од финишот на првото полувреме и му покажа директен црвен картон на играчот на Ремс, кој ја игра втората сезона во Лига 1 во Франција.

Моментот од 45. минута и опасниот старт со нога на Етиките директно во главата на играчот на Ленс можете да го погледнете ОВДЕ.

Ленс ја искористи предноста од фудбалер повеќе на теренот, постигна гол од пенал во судиското продолжение од првото полувреме преку Арно Калимуендо, а потоа истиот играч со уште еден погодок во 52. минута ја запечати победата од 2:0 на домаќините.

 

- Оглас -

Најнови вести