Европското првенство во кошарка за мажи кое треба да се игра следната година можеби ќе биде одложено, а проблем се термините на Евробаскетот и на презакажаните Олимписки игри. Ако ОИ во Токио се одржат како што се најавуваше од 23 јули до 8 август 2021, тоа е проблем за ФИБА, која ЕП во кошарка го закажа да почне на 2 септември и играчите од европските селекции кои ќе играат во Токио не би имале време за одмор.
Човекот кој до септември беше селектор на Србија, а сега работи како тренер на Виртус Болоња, вели дека поради ситуацијата во Италија, не му е дојдено до кошарка. Тамошното првенство најверојатно нема да продолжи, а Виртус е прв на табелата.
„Додека во Италија умираат по 1.000 луѓе на ден поради епидемијата, бесмислено е да се зборува за спорт. Речиси илјада животи дневно. Тоа е како секој ден да паѓаат по шест авиони“, вели Ѓорѓевиќ.