Националниот кошаркарски состав на Аргентина се комплетираше во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржи во Кина. Селекторот Серхио Ернандес повика 12 кошаркари кои ќе настапат на светскиот кошаркарски собир, кој стартува од 31 август и ќе трае до 15 септември.
Најголемата ѕвезда секако е неуништивиот Луис Скола. Триесет и деветгодишниот ветеран ќе ги предводи Гаучосите кон што повисок пласман, додека останати играчи кои ќе ја имаат лидерската улога се членовите на Реал Мадрид, Факундо Кампацо и Николас Лапровитола.
Центри/крилни центри: Маркос Делија, Роберто Акуна, Луис Скола и Хавиер Саис.
Крила: Николас Брусино, Патрисио Гарино и Габриел Дек.
Бекови: Факундо Кампацо, Николас Лапровитола, Лусио Редиво, Лука Вилдоса и Максимо Фјелеруп.
Аргентина е во групата Б, каде што за противници ќе им бидат селекциите на Јужна Кореја, Нигерија и Русија.