Бесни фудбалерки по терен бркаа судија кој не им досудил пенал, а кога го фатија… (Видео)

Неверојатни и срамни сцени за еден фудбалски натпревар беа видени на меч во Демократска Република Конго, и тоа на средба помеѓу женски екипи.

Играа тимовите на Бикира и Мазембе, а при резултат 5-1 за Мазембе, имаше спорна ситуација, од Бикира сметаа дека судијата требало да им додели пенал, но тој не покажа на белата точка. Тоа ги налути домашните фудбалерки, кои му се пуштија да го бркаат по теренот.

Кога конечно го стигнаа, го удираа каде што ќе стигнат, а во тепањето учествуваа и машки лица од нивниот клуб. Судијата некако беше оттргнат од разулавените фудбалерки и замина во тунелот кон соблекувалните, но и таму го бркаа, па ако го фатиле, може само да се претпостави како си поминал.

https://twitter.com/i/status/1625939699196956682

- Оглас -

Најнови вести