Бесни и опасни се Биковите од Лајпциг, го испратија фаворитот Атлетико дома (Видео)

Лајпциг одигра одличен меч против фаворизираниот состав на Атлетико Мадрид и со победа од 2:1 се пласира во историско полуфинале во Лигата на шампионите.

Последниот збор на вториот четвртфинален меч во Лисабон го имаа Биковите од Германија, а победата ја донесе 21-годишниот Тајлер Адамс со погодок во 88-мата минута.

https://twitter.com/Don_Daig/status/1294013520804286472?s=20

Избраниците на Јулијан Наглесман иако беа аутсајдери, одиграа тактички перфектен меч и го елиминираа фаворитот.

Дани Олмо во 51-вата минута со гол со глава ја круниса одличната акција на Лајпциг. За шпанскиот репрезентативец ова беше трет гол во седмиот меч во Лигата на шампионите.

https://twitter.com/Don_Daig/status/1294004040574078977?s=20

Жоао Феликс успеа да израмни со удар од белата точка во 71-вата минута, во минутите во кои доминираше Атлетико.

https://twitter.com/FTTV10/status/1294009254551138310?s=20

Сепак, крајот делото го украси за Лајпциг, а победата ја донесе Адамс со удар од 18 метри, што заврши зад грбот на Јан Облак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести