Бесниот бик од Нотингам што го нокаутира Шарп е упасен, ќе го кротат со затворска казна (Видео)

Инцидентот што се случи по завршување на бараж-двмечот во Англија меѓу Нотингам форест и Шефилд јунајтед ќе добие епилог, а навивачот на Шумарите, кој како бесен бик налета на Били Шарп и го покоси крај теренот, е упасен.

Се бара и затворска казна, а од Нотингам форест најавија дека ќе му биде забранет влез на стадионот.

По мечот што двојниот европски првак го доби на пенали и се пласира во финалето за пласман во Премиер лигата, имаше инвазија на домашните навивачи на теренот, а еден од нив без никаква причина го нокаутира повредениот играч на гостите.

Шарп е легенда на Шефилд јунајтед, но вчера не играше, а настрада по ударот на хулиганот.

Интересно е што во еден дел од кариерата играше и за Нотингам форест во сезоната 2012/2013.

Полицијата го уапси напаѓачот, а се бара и строга затворска казна за него.

Нотингам форест ќе игра против Хадерсфилд на „Вембли“ на 29 мај за промоција во Премиер лигата, а тоа е најскапиот фудбалски бараж-меч што носи заработка од над 200 милиони фунти.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести