Бесниот израз на лицето на Винисиус по одлуката на тренерот Чаби Алонсо да го замени со Родриго во 71-ва минута на вчерашното Ел Класико, беше една од најкоментираните ситуации.
Бразилецот не се контролираше и воопшто не го криеше својот гнев, а по неколку лути гестови, наместо на клупа, одлучи да оди директно во соблекувалната. Неколку минути подоцна бил смирен од тренерот на голманите Луис Љопис и сепак се врати и седна на клупа каде остана до крајот. Винисис беше и еден од најборбените за време на конфликтот после мечот кога играчи на Реал му се нафрлија на Ламин Јамал за неговите провокативни изјави пред мечот.
Според телевизијата ДАЗН, Винисиус додека излегувал од игра велел: „Го напуштам тимот… Заминувам, би сакал да си заминам“.
Вини не можеше да поверува дека мора да го напушти теренот порано од очекуваното. Неговиот гнев беше видлив.
„Јас? Јас?“, извикуваше зачудениот Бразилец, со широко раширени раце, барајќи објаснување. Потоа пцуеше свртен кон небото, а тренерот Чаби Алонсо чекаше Вини што побрзо да излезе и велеше: „Ајде Вини, кучкин сине!“. Тие не се ни погледнаа кога Винисиус го напушти теренот.
Vinicius is very angry as he’s subbed off the game. #ElClasico #RealMadrid #Barcelona
pic.twitter.com/oBmnXQShgd— Utopic Football (@utopicposts) October 26, 2025

