27.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Бесплатната Спортска прогноза ги чека вашите типови, на повидок се некои фаворити

Типувањето за петтото коло сезонава на интересната и бесплатната игра на Sport Life, Спортска прогноза, е отворено од вчера и ќе трае до сабота во 13.30 часот, кога започнува натпреварот од Премиер лигата помеѓу Астон вила и Брајтон, прв меч од основната 13-ка.

Од понудените 13 натпревари, по три се од Англија, Шпанија, Франција и Германија, додека еден меч е од Италија.

Најголем предизвик за типувачите ќе биде премиерлигашкиот дуел помеѓу Тотенхем и Ливерпул. Според процентите на досега дадените прогнози, двојно повеќе играчи веруваат во победа на Црвените отколку во победа на Петлите. Но, до сабота овие проценти може и во голема мера да се сменат.

И Реал Сосиедад е фаворит во баскиското дерби против Атлетик Билбао на мнозинството прогнозери, а предност им се дава и на Астон вила против Брајтон, на Монако против Марсеј и на Јувентус против Аталанта во другите поинтересни двобои.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

 

- Оглас -

Најнови вести