Беспрекорно добитни беа вчерашните Типстерски совети

Петочните Типстерски совети беа добитна комбинација за овој продолжен и празничен викенд. Петте наши предлог-натпревари кои ги понудвиме за типување излегоа според планот, па ако се одлучивте да го послушете нашиот совет, со убаво да си ги трошите парите.

Вкупниот коефицент беше 31.53, комбинирани со три фудбалски средби од европските квалификации и двата тенис дуели во полуфиналето на ОП на САД.

Главното збиднување беше во Хамбург, дуелот меѓу Германија и Холандија припадна на Лалињата со конечни 2-4, а нашиот предлог дека Панцерите ќе постигнат барем два гола, а ќе се тресат и двете мрежи носеше квота од 2.45, највисока на предлог-тикетот.

Хрватска лесно ја совлада Словачка на гостувањето Трнава со убедливи 0-4, а ние очекувавме реми или евентуален триумф на Коцкастите во меч кој ќе има од два до четири гола. Австрија беше немилосрдна кон Летонија во победата од 6-0,  резултат кој одговараше на нашиот предлог 1 & 3+.

Данил Медведев беше неприкосновен против Бугарот Димитров во полуфиналето од ОП на САД по три сета, за „чист кец“ при квота од 1.55, додека со 3-0 славеше и Надал во мечот против Беретини, а тука очекувавме дека ќе има тајбрејк и се случи уште во првиот сет.

 

- Оглас -

Најнови вести