Бесценета реакција: Бернард погоди за победа на Евертон, а Карло си го лади кафето (видео)

Евертон и Тотенхем одиграа меч за аналите во ФА купот во кој Карамелите по продолженија славеа со 5-4.

Бернард ја донесе победата за Карамелите во седмата минута од дополнителните 30 кои се играа на „Гудисон парк“, а во тој момент камерите ја овековечија бесценетата реакција на Карло Анчелоти.

Во моментот кога Евертон стигна до петтиот гол, Анчелоти ладнокрвно си го ладеше кафето, додека клупата зад него се радуваше.

https://twitter.com/NaomaMeredith5/status/1359630015290302466

- Оглас -

Најнови вести