Во сабота ќе се знае шампионот на Шпанија за актуелната сезона, а дали тоа ќе биде Атлетико кој има најголеми шанси, или пак Реал ќе ја одбрани титулата, зависи само од мадридските гиганти во нивните дуели против Валјадолив, односно Вилјареал.
Драмата ќе биде присутна во целите 90 минути, веројатно ќе биде понеизвесно и поинтензиво во однос на претходното коло во кое и Атлеико, а и Реал до последен момент се мачеа да издвојат победи. Кралевите славеа минимално на гостувањето кај Билбао, додека тимот на Симеоне во финишот го сврте резултатот против Осасуна на 2-1, благодарение на Луис Суарес.
Што се случуваше на клупите на двете екипи, е споено во ова видео. Реакциите на Кореа кога дозна дека Реал води на „Сан Мамеш“, односно пцовката на Модриќ кога дозна дека Атлетико го сврте мечот во своја корист, се бесценети.
https://twitter.com/Griezass/status/1395004311873196038