Лионел Меси никако да се израдува на трофеј со репрезентацијата на Аргентина. Рано утрово, Лео и другарите беа поразени од Бразил во полуфиналето на Копа Америка. Со тоа Меси додаде уште еден репрезентативен неуспех. Гаучосите цели 26 години се немаат израдувано на титула.
Вината за поразот од Бразил, Меси ја побара во судиите кои не сакаа да користат ВАР-систем, по кој можеа да досудат пенали за Гаучосите. Бразилците како домаќини ќе играат во финалето на континеталниот собир, но неверојатна беше реакцијата на дечињата кои стојат покрај играчите кога го забележаа Меси во тунелот пред да истрчаат фудбалерите на терен.
Дечињата со нетрпение чекаа да се појави Меси, а кога го видоа петкратниот освојувач на Златната топка, едноставно останаа воодушевени и со подотворени усти.