15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

На манчестерското дерби ќе има повеќе голови во второто полувреме, во Серија А има две сигурни единици

1008 Манчестер сити – Манчестер јунајтед (Премиер лига, Англија, 15 часот)

Манчестерското дерби доаѓа во вистински момент и за двете екипи кои се во добра форма, па се очекува да биде неизвесно, иако Сити е фаворит според коефициентите.

Актуелниот првак има опасна серија од 10 меча без пораз и две победи по ред од ланската сезона против големиот ривал, со вкупна гол-разлика 6:1.

Црвените ѓаволи влегоа во ритам и имаат пет победи и само еден пораз на последните шест меча и многу подобра атмосфера, по лошиот почеток во Премиер лигата.

Ерик Тен Хаг и Маркус Рашфорд се најдобар тренер и играч во Премиер лигата за месец септември, нешто што долго не му се случило на 20-кратниот англиски првак, Манчестер јунајтед.

Сега им следи веројатно и најтешкиот испит, да го изненадат првакот и голем ривал, а за тоа треба да покажат шампионски карактер.

Очекуваме тврд меч и прогнозираме дека ќе има повеќе голови во второто полувреме.

Предлог тип: 2>1 (1.98)

 

1307 Селта – Бетис (Ла Лига, Шпанија, 16.15 часот)

Бетис нанижа четири победи по ред, по две во Ла Лига и во Европа Лигата, а сезонава одлично игра во двете натпреварувања.

Сепак сега според коефициентите тимот од Севилја не е фаворит на тешкото гостување на „Балаидос“ во Виго кај Селта.

Домаќините имаат два порази по ред и за нив паузата поради настапите на репрезентациите во Лигата на Нации беше добредојдена.

Селта не му дозволи на Бетис да постигне гол на двата последни меѓусебни дуели, па тимот ос Севилја ќе сака конечно да ја затресе мрежата на тимот од Галиција по околу 200 минути пост.

Предлог тип: Х2&2+ (2.11)

 

1612 Аталанта – Фиорентина (Серија А, Италија, 18 часот)

Аталанта има многу проблеми со повреди на играчите, но гази сигурно во Серија А.

Ако победи и денеска ќе остане израмнета со Наполи на врвот, како единствени екипи без пораз по 8 кола.

Фиорентина се надева дека ќе го продолжи убавиот тренд од три меча без пораз во меѓусебните дуели со Ла Деа.

Проблем за Виолетовите е што имаат само една победа на последните 9 натпревари во сите натпреварувања и се во скромна форма, а Бергамо не е место за вадење и пресврт.

Аталанта ќе игра без Запата, Џимшити, голманот Мусо е исто така надвор од строј, Паломино е повреден, неизвесен е и настапот на Запакоста, но домаќините имаат и подобар тим и се во подобра форма од ривалот и типуваме дека со победа ќе ја прекинат серијата од три меча без успех против Фиорентина.

Предлог тип: 1 (2.17) Супер тип на Sport Life

 

3009 Јувентус – Болоња (Серија А, Италија, 20.45 часот)

Јувентус не може да победи никого веќе пет меча по ред во Серија А и во Лигата на шампионите, што доведе до хаос во таборот на најтрофејната екипа во Италија.

И денеска на Старата дама нема да и биде лесно, бидејќи има дури 7 повредени играчи, но веќе не може да се калкулира со ништо друго, освен со победа.

Болоња исто така има хендикеп и веројатно ќе мора да игра без одличниот напаѓач Муса Бароу.

Проблем за гостите е што не го победиле Јувентус на 22 меча по ред, што е една од најдолгите црни серии во Италија.

Типуваме дека Јуве и покрај сите проблеми ќе ги освои бодовите и ќе ја продолжи серијата без пораз против Болоња што трае од 2011 година.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

1710 Ленс – Лион (Лига 1, Франција, 20.45 часот)

Ленс е во страшна серија од 23 меча без пораз, сметајќи ги и пријателските мечеви во летниот период, а последен пат доживеаа неуспех во април кога загубија од Стразбур.

Само тие и ПСЖ и Марсеј немаат пораз во новата сезона во Ла Лига, а ако го победат Лион, домаќините имаат шанса да се пробијат на третото место на табелата по 9 кола.

Лион играше лошо пред репрезентативната пауза и нанижа три порази по ред во Лига 1.

За нив одморот беше како порачан поради натпревари во Лигата на Нации и сега ќе се обидат со триумф да се пробијат во Топ-5 на табелата.

И двете екипи играат напаѓачки фудбал, на последните пет меѓусебни дуели имаше голови на двете страни, а сега типуваме на реприза, со најмалку три погодоци на мечот.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.79)

 

- Оглас -

Најнови вести