Бетис е најголем губитник во Лигата на Европа, до вечерва беше прв на табелата, но загуби пред своите гледачи и се сели во Конференциската лига 

Фудбалерите на Бетис се најголеми губитници во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа бидејќи го испуштија првото место и настапите во европските купови ќе ги продолжат во Лигата на конфереции.

Бетис пред последното коло беше прв во групата Ц со 9 бода, пред Ренџерс, кој имаше осум и Спарта Прага со седум бода. Шпанскиот тим пред своите гледачи загуби од Ренџерс со 2:3, додека Спарта со 3:1 го победи Арис Лимасол и го прескокнаа Бетис на табелата.

Во групата А, дуелот за првото место на табелата меѓу Вест хем и Фрајбург им припадна на Чеканите, кои славеа со 2:0.

Третопласираните екипи во Лигата на Европа настапите ќе ги продолжат во нокаут-фазата во Конференциската лига.

Резултати

Група А
Вест хем – Фрајбурт 2:0
Олимпијакос – ТСЦ 5:2
Табела: Вест хем 15, Фрајбург 12, Олимпијакос 7, ТСЦ 1

Група Б
Брајтон – Олимпик Марсеј 1:0
Ајакс – АЕК 3:1
Табела: Брајтон 13, Олимпик Марсеј 11, Ајакс 5, АЕК 4,

Група Ц
Бетис – Ренџерс 2:3
Арис Лимасол – Спарта Прага 1:3
Табека: Ренџерс 11, Спарта Прага 0, Бетис 9, Арис Лимасол 4

Група Д
Раков – Аталанта 0:4
Спортинг – Штурм 3:0
Табела: Аталанта 14, Спортинг 11, Штурм 4, Раков 4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести