Бетис го порази Алавес со 4-0, и се зацврсти на третото место на табелата во шпанската Ла Лига. Зелено-белите од Севилја сезонава (на 31 меч) имаат постигнато 62 гола во сите натпреварувања, и со тоа го надминаа скорот од целата претходна сезона во која на 43 меча имаа 61 реализации.
Борха Иглесија двапати, а Каналес и сезонава одличниот Хуанми (го дели второто место на листата на стрелци во лигата со Винисиус, пред него е само Бензема), по еднаш погодуваа вечерва против Алавес.
На полувреме резултатот беше 3-0, а ако се сметаат само првите полувремиња, Бетис е најефикасна екипа во шпанското првенство сезонава.