Бетис го клекна Реал на колена во Севиља (Видео)

Реал Мадрид го доживеа четвртиот пораз оваа сезона во ла Лига откако загуби на гостувањето кај Бетис со 2-1. Тимот на Карло Анчелоти сега нуди можност за Барселона да се одлепи на врвот на табелата, доколку утре го победи Реал Сосиедад.

Кралевите поведоа на овој дуел, со голот на Брахим Дијаз во десеттата минута. Тој рутински ја заврши одличната тимска акција на Реал Мадрид.

Но, Бетис не се предаде. Џони Кардозо успеа да израмни во 34-та минута, кога со удар со глава го совлада Тибо Куртоа по корнерот од левата страна.

Победничкиот гол за Бетис дојде од пенал, што сигурно ќе предизвика нови полемики. Успешен реализатор беше Иско во 54-та минута од мечот.

- Оглас -

Најнови вести