На Марсело Бјелса по крајот на оваа сезона му истекува договорот со Лидс, а не е познато дали ќе остане на клупата и во случај ако неговиот тим обезбеди промоција во Премиер лигата. Познато е дека Бјелса не е тренер кој сака долги авантури, всушност не се задржал повеќе од две сезони во ниту еден клуб по завршувањето на работата во чилеанската репрезентација.
Знаејќи како стојат работите, управата на Бетис се обидува да го договори искусниот аргентински стратег како замена за Руби. Речиси е сигурно дека Бетис нема да обезбеди пласман во Лигата на Европа следната сезона, а според челниците на клубот, тоа е неуспех кој ќе го плати сегашниот тренер. Токму затоа се вршат напори да се обезбедат услугите на Бјелса, кому би му било трет ангажман во Шпанија откако претходно ги водеше Еспањол и Атлетик Билбао.
Бетис оваа сезона имаат повеќе порази и ремија (по девет) отколку победи (седум) во Ла Лига, сметесни на 13-тото место на табелата со 30 бода, заостануваат осум бода од местата преку кои се обезбедува учество во второто по квалитет европско натпреварување.