Екипата на Бетис остварија минимална, но многу значајна победа над Атлетик Билбао во 28-то коло од Ла Лига.
Стрелец на погодокот со кој што тимот од Севилја ја продолжува битката за да биде во топ четири, беше Борха Инглезијас во 20-та минута. Иако натпреварот во најголема мира мина без поголем инцидент, во завршницата тоа не беше така.
Набил Фекир во 80-та минута изведуваше атракција пред корнер знаменцето на Атлетик, а Оскар де Маркос го фаулираше. Потоа, кон Фекир кој лежеше на теренот, дојде Икер Муниаин кој што му префли некој сочен збор, по што овој го удри силно по нозете.
Судијата Матео Лахос веднаш му додели црвен картон на Французинот, а потоа следеа и неколку жолти. На крајот, оваа глупост Бетис не го чинеше поени, но со сигурност следува суспензија на Фекир, од најмалку три средби, кој е еден од најдобрите играчи на тимот.
Бетис со оваа победа, барем привремено се врати на четврттото место со 49 бода, еден повеќе од Барселона, но и два натпревари повеќе.