Бетис го продава Фекир за „солена“ цена

Арсенал е во потрага по нов офанзивен плејмејкер, а на радарот на Микел Артета се најде ѕвездата на Реал Бетис, Набил Фекир. Французинот во минатото беше голема цел на англиските гиганти и беше блиску до трансфер во Ливерпул, меѓутоа тој ангажман пропадна па Фекир заврши на „Бенито Вилјамарин“.

Моменталната ситуација со пандемијата го натера Бетис да го продава Фекир, меѓутоа цената е „солена“ и прашање е дали Топчиите ќе може да си го дозволат. Бетис ќе се согласи на продажба на својот најдобар играч доколку до нивниот табор стигне понуда од 50 милиони евра или повеќе.

За ексѕвездата на Олимпик Лион се интересира и Милан, меѓутоа Росонерите тешко дека ќе можат да издвојат колку што бара Бетис ако се земе во предвид дека седумкратниот европски првак ги прекрши правилата на финансикиот фер-плеј.

 

- Оглас -

Најнови вести