Бетис и Атлетик Билбао со пласманот во полуфиналето ѝ донесоа на Шпанија дополнително место во ЛШ

Екипите на Атлетик Билбао и Бетис со пласманов во полуфиналето на Лигата на Европа, односно Конференциската лига, одиграа не само за себе, туку и за комплетниот шпански фудбал, бидејќи Ла Лига следната сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите.

Според новиот формат на УЕФА, двете асоцијации со најдобар коефициент од претходната сезона добиваат дополнително место во Лигата на шампионите, а тоа се Англија и Шпанија. Премиер лигата го доби местото со победата на Арсенал над Реал Мадрид, а шпанците добија петта екипа откако Атлетик Билбао го елиминираше Глазгов ренџс, а Бетис беше поуспешен од Јагиелонија.

Веќе станува јасно дека следната сезона претставници на Шпанија ќе бидат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао, додека за последното место ќе се борат Виљареал и Бетис. Разликата помеѓу овие две екипи е три бода.

Минатата сезона по пет екипи во Лигата на шампионите имаа Германија и Италија.

- Оглас -

Најнови вести