Шпанскиот прволигаш Бетис е на чекор до финализирање на трансферот на Бразилецот Ентони од Манчестер jунајтед, јавува „Телеграф“. Според информациите, веќе е постигната согласност меѓу двата клуба, а останува формалноста за потпишување на договорот.
Офанзивецот во јануари пристигна во клубот од Севилја како позајмен играч, а со своите настапи ја оправда довербата, постигна девет гола и пет асистенции на 26 натпревари и беше клучен фактор во пласманот на тимот во финалето на Лигата на конференции.
Ентони исто така е пресреќен за можноста трајно да се врати во зелено-белиот дрес и со нетрпение го очекува официјалното комплетирање на трансферот.