Бетис во првиот меч од 31-то коло во Ла Лига со 2:1 ја совлада Селта. Со триумфот, Бетис ја прекина серијата од четири порази во низа, додека Селта ја очекува грчевита битка за опстанок.
Тимот од Севиља сега има 45 бода и е седми на табелата со четири бода помалку од шестиот Реал Сосиедад кој се наоѓа на последното место кое води во европските купови.
Селта пак остана на 17-тото место со 28 бода, само три повеќе од Кадис кој се наоѓа во зоната на испаѓање.
Бетис поведе со голот на Миранда во 53-тата минута, а на 2:0 зголеми Набил Фебир во 83-тата минута.
Селта во судиското продолжение постигна гол преку Ларсен за 2:1, резултат кој на крајот се покажа како конечен.