Фудбалерите на Селта славеа на својот „Балаидос“ со 1-0 против Бетис во седмото коло во Ла Лига. Единствениот гол на натпреварот го постигна Веига во деветтата минута по асистенцијата на Белтран.
Бетис кој остана на четвртото место на табелата, не можеше да го избегне поразот бидејќи од 20 минута играше со играч помалку по исклучувањето на Луиз Фелипе кој доби директен црвен картон.
Еспањол и Валенсија ги поделија бодовите играјќи 2-2, а гостите од пораз се спасија со гол во шестата минута од судиското продолжение.