Џовани Ло Селсо блеска во дресот на Бетис и од денеска веќе не е на позајмица во клубот од Севилја. Бетис го искористи правото да го откупи комплетно неговиот договор со Пари Сен Жермен, клуб кој го прати на позајмица 23-годишниот Аргентинец на почетокот на оваа сезона на „Бенито Вилјамарин“.
Ло Селсо денеска потпиша договор со Бетис со важност до 2023 година. Офанзивниот играч за врска игра извонредно за „зелено-белите“ од Севилја и со 8 голови е прв стрелец на клубот во Ла Лига.
Џовани пристигна во Европа од редовите на аргентинскиот клуб Росарио, во 2016 година играше за ПСЖ, но потоа беше вратен во матичниот клуб во Аргентина, па препратен на позајмица во Бетис. Сега, според новиот договор, е постојан член на клубот од Севилја, кој направи одличен потег и го искористи правото да го откупи неговиот договор со „светците“ од Париз.