1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Бетис одигра „покер“ против Хетафе

Бетис убедливо славеше над Хетафе со 4-0 на домашен терен, во 17-тото коло од Ла Лига, потврдувајќи ја улогата на апсолутен фаворит на овој дуел.

Екипата на Мануел Пелегрини од самиот старт го наметна својот ритам и не му остави простор на тимот од предградието на Мадрид. Водството за Зелените стигна во 15-тата минута, кога Аитор Рубиал најдобро се снајде во шеснаесетникот по центаршутот на Антонио од десната страна.

Рубиал продолжи таму каде што застана и на стартот на второто полувреме. Во 49-тата минута, по брза контра и одбиена топка по ударот на Антонио, повторно беше прецизен и го зголеми водството на Бетис.

Само три минути подоцна, лошо поставената одбрана на Хетафе беше казнета, а Кучо Ернандес со прецизно додавање го проигра Форналс, кој без проблеми го постави резултатот на 3-0 и практично го реши натпреварот.

Конечните 4-0 беа поставени во 60-тата минута, кога Кучо Ернандез по асистенција на Роке се запиша меѓу стрелците. Хетафе можеше да го ублажи поразот во самиот финиш, но Борха Мајорал промаши пенал во 89-тата минута.

Со оваа победа, Бетис уште еднаш ја потврди одличната форма и амбициите за висок пласман, додека Хетафе претрпе тежок пораз во Севиља.

- Оглас -

Најнови вести