Шпанскиот тим Бетис ќе игра во финалето на Конференциската лига и ќе го предизвика Челзи, откако по продолженија успеа да ја елиминира Фиорентина играјќи 2-2. Првпат од постоењето на клубот, по цели 117 години, Бетис ќе биде дел од едно европско финале.
Стрелец на голот кој го одведе шпанскиот тим во финалето беше Абде Езалзули во 97-та минута.
Претходно, во регуларниот тек, Фиорентина победи со 2-1 и ја анулира негативата од првиот меч во Шпанија. Бетис поведе со голот на Антони во 30-тата минута, но само четири минути подоцна Робин Госенс израмни на 1-1.
Госенс во 42-та минута беше стрелец и на вториот гол за Фиорентина. Но, тоа беше доволно само за продолженија, а по нив, Бетис се пласира во финалето.