5.8 C
Skopje
четврток, 2 октомври 2025

Бетис подобар од Лудогорец, Рома загуби од Лил (Видео)

Бетис конечно стигна до првата победа во новата сезона од Лига Европа. По ремито со Нотингем Форест (2-2), шпанскиот тим славеше на гостувањето кај Лудогорец со 0-2.

Ло Селсо во 30-тата минута донесе водство за гостите по асистенција на Натан, а во 53-тата минута несреќниот автогол на Сон ја запечати победата на Бетис.

На „Олимпико“, Рома разочара пред својата публика и со минимален пораз од 0-1 против Лил ја отвори европската сезона. Единствениот гол го постигна Харалдсон уште во шестата минута. Интересно е дека Рома во финишот не искористи три удари од белата точка. Истиот пенал беше повторуван, но немаше ефект за домаќинот.

Серијата на проблеми за Селтик продолжува. По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, шкотскиот шампион беше поразен и во Лигата на Европа. Брага славеше во Глазгов со 0-2.

Во дуелот меѓу Болоња и Фрајбург немаше победник (1-1), додека Фенербахче ги освои првите три бода совладувајќи ја Ница со 2-1.

- Оглас -

Најнови вести