Од Бетис се пофалија дека собрале 19.000 играчки (Фото)

Фудбалскиот клуб Бетис објави дека неговите навивачи подариле 19.000 играчки за сиромашните деца. Тригодишна традиција е фановите на клубот од Севилја да фрлаат играчки на теренот пред Божик и тие играчки потоа да се донираат.

Првата година беа собрани 16 илјади, лани 17,5 илјади, а годинава бројката е рекордна. Може да се очекува следната година Бетис во хуманитарните организации да подари и 20.000 играчки за деца.

- Оглас -

Најнови вести