Чилеанскиот тренер Мануел Пелегрини се враќа во Ла Лига и во следните три сезони ќе биде тренер на Бетис. Клубот од Севилја и официјално објави дека го ангажираше Пелегрини до 2023 година.
https://twitter.com/RealBetis_en/status/1281182574883287045?s=20
Пелегрини за последен пат шпанска екипа водеше во 2013 година, кога се раздели со Малага, а има одлично педигре и добро ѝ е познат на шпанската јавност.
Беше тренер на Вилјареал во перидот кога Жолтата подморница имаше многу успеси, а една сезона во 2009/10 беше и кормилар на најтрофејниот европски клуб Реал Мадрид.
Потоа се пресели во Малага, а има искуство и со англиските екипи. Пелегрини го предводеше Манчестер сити три години, од 2013 до 2016, а потоа кратко беше тренер и на Вест хем.
Бетис има скромна сезона во Ла Лига и моментно е на 13-тата позиција со 41 бод, што не соодветствува со квалитетот што го има екипата и амбициите да биде дел од горниот дом во најсилната шпанска лига.