Фудбалерите на Бетис и Жирона ремизираа 1-1 во 13-тото коло на Ла Лига.
Натпреварот беше обележан со несекојдневен потег на Бетис, кој со огромен транспарент преку целата трибина им соопшти на навивачите дека капитенот Искo потпишал нов договор до 2028 година. Подоцна, тој влезе од клупата и асистираше за 1-1.
Жирона поведе во 20-тата минута кога Ванат искористи додавање од Брајан Хил, а резултатот 0-1 го однесе и на пауза.
Бетис имаше свои шанси и посед на топка во првото полувреме, но Жирона остана опасна и заслужено поведе.
Мануел Пелегрини веднаш на полувремето направи замени, влегоа Езалзули, Руибал, Амрабат, а во 60-тата минута и херојот Исco.
Токму тој во 75-та минута асистираше за Гомез кој израмни на 1-1.
Во второто полувреме Бетис беше значително поопасен и имаше повеќе од 20 удари кон голот на Газанига, но тој беше одличен.
❄🔥✨
— Real Betis Balompié 🌴💚 (@RealBetis) November 23, 2025
Canción de hielo, fuego… y magia. pic.twitter.com/J9y7L6OceG

