5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Бетис со песна се враќа од Балеарските острови

Бетис ја продолжи серијата победнички настапи во Ла Лига, остварувајќи трет триумф по ред, овој пат на гостувањето кај Мајоркасо 1-2 во 24-тото коло.

Домаќините, кои претходно славеа убедливо над Севиља и Атлетик Билбао, најавуваа спектакуларен натпревар, но Бетис од самиот старт покажа дека не е дојден да подари бодови.

Во 18-тата минута, Абдел Езалзули ја искористи одбиената топка по ударот на Антони и со прецизен удар ја смести во мрежата, носејќи рано водство за Бетис.

Во третата минута од надополнувањето на првото полувреме, Седрик Бакамбу постигна втор гол по асистенција на Антони, и покрај протестите на домаќините за наводен фаул.

Во второто полувреме, домаќините ја зголемија енергијата. Во 66-та минута, Муричи го намали резултатот со удар со глава, носејќи драма во финишот.

Бетис имаше шанси да ја реши средбата, но голманот на Мајорка блескаше, најпрво го одбрани силниот удар на Форналс, а потоа и две други ситуации во 80-тата минута каде Антони беше прочитан, а еден дефанзивец со глава го блокираше ударот.

- Оглас -

Најнови вести