Бетис го надмина лошиот старт и успеа да врзе две победи во низа во Ла Лига. Зелено-белите вечерва славеа на домашен терен против Хетафе со 2-1. По ова, тимот се наоѓа на шестата позиција на табелата во шпанскиот шампионат.
Џовани Ло Селсо беше човекот на одлука за домашниот тим. Аргентинецот во 61-вата минута обезбеди водство реализирајќи пенал, а потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците во 74-тата минута.
Гостите постигнаа почесен гол преку Арамбари во судиското продолжение од дуелот.