Беше пред пораз, а екипата на Бетис по натпреварот со Кадис од 31-то коло во Ла Лига сè уште се надева на пласман во Лигата на шампионите.
Тимот од Севилја триумфираше со 2:1, иако го 78-та минута беа во негатива откако домашниот тим водеше со голот на Иван Аљехо (58′). Но, со головите на Кристијан Тељо во 78-та и Борха Инглесијас во 84-та минута од пенал, тие направија целосен пресврт.
Бетис сега има 56 бода и е на петтото место, а има еден бод помалку од Атлетико Мадрид и Барселона, кои треба да ги одиграат своите средби за ова коло, а Каталонците дополнително имаат и заостанат натпревар.
Во секој случај неизвесна ќе биде во Ла Лига борбата за тоа кои три екипи, Покрај Реал Мадрид ќе се најдат во топ 4 и ќе обезбедат место во најелитното клупско натпреварување.