Бев во врска со Надал, ама не се бакнувавме, само се држевме за рака

Белгијката Кирстен Флипкенс, која има 34 години, а во минатото го освои јуниорскиот Вимблдон, откри дека пред 20-тина години си се бендисувале со Рафаел Надал и меѓу нив се појавила тинејџерска љубов. Таа романса траела кратко. Тие се среќавале често на турнирите каде што настапувале и се зближиле.

„Кога имав 14 години, бев во кратка врска со Рафа Надал. Ние сме врсници, заедно пораснавме. Тој тогаш не зборуваше англиски. Шетавме и повеќе пати се држевме за рака, но никогаш не се бакнавме“, изјави Флипкенс, која во 2013 година дојде до полуфинале на Вимблдон и тоа е нејзин најголем дострел на гренд-слем турнирите во сениорска конкуренција.

- Оглас -

Најнови вести