Без Адеми против Грузија, дополнително повикан Тотре

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми поради повреда, најверојатно ќе го пропушти натпреварот против Грузија на 12 ноември во Тбилиси за пласман на Европското првенство.

Адеми заработи повреди во неделата на загревањето пред првенствениот меч на својот Динамо Загреб против Истра. Медицинските прегледи што му беа направени од лекарскиот тим на македонската селекција во Скопје потврдија дека Адеми има парцијална руптура на предниот дел на бутниот мускул. Шансите да се опорави и да биде во конкуренција за настап за натпреварот во Грузија се минимални, велат во ФФМ.

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го повика Енур Тотре, фудбалерот од средниот ред на тетовска Шкендија веќе е приклучен на репрезентативниот тим за ноемвриските натпревари што следуваат.

Нашата најдобра репрезентација денеска ќе тренира на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а утре со чартер-лет патува за Тбилиси. Натпреварот за пласман на ЕВРО 2020 се игра в четврток, во 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести