Плејмејкерот на Хувентуд, Ненад Димитријевиќ, нема да биде дел од македонската репрезентација на претстојните натпревари од квалификациите за ЕП, и тоа ќе биде нов сериозен хендикеп за националниот тим откако и уште неколку други кошаркари нема да може да помогнат поради здравствени проблеми или повреди.
Селекторот Александар Тодоров на располагање во Талин за дуелите со Италија (28 ноември) и домашната Естонија (31 ноември) ќе има само двајца интернационалци, тоа се капитенот Војдан Стојановски, и натурализираниот Македонец, Џејкоб Вајли, кој игра на позицијата крилен центар.
Од оние кои деновиве тренираа во Скопје, нема да патуваат Дамјан Робев и Андреј Митревски. Тоа значи дека ако не се случи нешто непредвидено, утре рано изутрина, на пат за Софија, потоа преку Франкфурт, до Талин ќе тргнат:
Љубомир Младеновски (Работнички)
Виктор Ефремоски (Работнички)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Марко Симоновски (Кожув)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка).