19.8 C
Skopje
недела, 3 август 2025

Без експерименти, објавени почетните состави за Реал Мадрид – Манчестер сити (Фото)

Пресметката помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити од полуфиналето на Лигата на шампионите не е време и место за експерименти, па тренерите Карло Анчелоти и Пеп Гвардиола решија во стартните 11 да го стават најдобрите кои ги имаат располагање и играчите кои им се во најдобра форма во моментов.

Карим Бензема кој има дадено пет гола на шест меча против Граѓаните, го предводи нападот на Кралевите, а Ерлинг Халанд кој е ударна игра во нападот на Сити, првпат во кариерата ќе заигра на „Сантијаго Бернабеу“.

Ова се почетните состави за вечерва:

Реал Мадрид: Куртоа, Карвахал, Алаба, Ридигер, Камавинга, Валверде, Крос, Модриќ, Винисиус, Родриго, Бензема.

Манчестер сити: Едерсон, Вокер, Диаш, Стоунс, Аканџи, Гундоган, Родри, Бернардо Силва, Де Бројне, Грилиш, Халанд.

- Оглас -

Најнови вести