Без голови по првиот дел, Баерн доминира на „Паркот на принцовите“, ПСЖ не упати ниту еден шут

ПСЖ и Баерн Минхен играат без голови по првото полувреме во дерби-пресметката од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Изненадувачки за домашните фанови, фудбалерите на Баерн Минхен беа подобар тим во првиот дел, целосно ги контролираа случувањата на теренот, имаа поголем посед на топката (60-40) и ги оставија Светците без ниту еден удар кон голот на Јан Зомер.

Ниту Баерн не создаде вистинска шанса за гол, ударите на Ерик Максим Чупо-Мотинг и Кингсли Коман завршија покрај голот на Донарума, додека шутот на Кимих го одбрани Донарума.

Во вториот осминафинален дуел што се игра вечерва, Милан води со 1:0 против Тотенхем. Голот за Росонерите го постигна Брахим Дијаз уште во седмата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести