Без голови по првото полувреме на премиерлигашкото дерби на „Етихад“

Манчестер сити и Арсенал играат без голови по првото полувреме од големото дерби во 30-тото коло во Премиер лигата. Првите 45 минути меѓу екипите кои се борат за титулата поминаа во интензивна игра и во која и двата тима имаа свои шанси.

Граѓаните тргнаа офанзивно од првата минута, а најдобрата шанса ја имаа во 15-тата минута кога Нејтан Аке највиското скокна во шеснаесетникот на Арсенал по корнерот, шутираше со глава по средина на голот, но голманот Раја беше на висина на задачата.

Како одминуваше времето во првиот дел, Топчиите се ослободуваа од притисокот и почнаа да се закануваат кон голот на Ортега, пред се преку Габриел Жесус, но мрежите мируваат по првото полувреме.

- Оглас -

Најнови вести