Без Халанд, Манчестер сити не можеше да даде гол против Копенхаген

За Манчестер сити заврши серијата од 23 натпревари по ред на кои постигнуваше гол, од април (последен пат не дадоа гол против Атлетико Мадрид) наваму даваа барем по еден гол, но вечерва без нивната „машина за голови“ Ерлинг Халанд, не успеаја да го совладаат голманот на Копенхаген.

Данскиот тим има серија од пет европски мечеви без примен гол на свој терен. Голманот Камил Грабара во првото полувреме му одбрани пенал на Ријад Марез и тоа беше најубавата шанса за Сити да постигне гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести