29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Без инјекции во стапалото, Рафаел Надал не може ниту да оди (Видео)

Една снимка од аеродромот во Барселона ги загрижи навивачите на тенисерот Рафаел Надал. Пред да оди на првиот третман за лечење на повреденото стапало, Рафа одвај одеше, па дури и користи патерици.

Надал постојано кажува дека состојбата со левата нога му е лоша, но на „Ролан Гарос“ играше и ги победи сите противници, некогаш и во долги мечеви. Во Париз тој играше благодарение на инјекциите кои ги примаше за умртвување на нервот за да нема болки. Некои го напаѓаат дека тоа е недозволено и еден вид допинг.

Засега не се знае дали Надал ќе може да игра на Вимблдон, кој почнува на 24 јуни. Една од опциите е да направи операција, но ако тоа се случи, може да значи и крај на кариерата.

https://twitter.com/i/status/1534175641809076226

- Оглас -

Најнови вести