Репрезентациите на САД и на Канада ќе играат во финалето на Голд Купот. Во полуфиналните пресметки, Американците со 2:1 беа подобри од Гватемала, додека на Мексико му беше доволен еден гол за да се радува на триумф во дуелот против Хондурас.
Младиот 21-годишен играч за врска Диего Луна е херојот на САД во победата над Гватемала. Лука ги постигна двата гола за Американците и тоа во почетните 15 минути од мечот. До крајот на мечот, Гватемала преку Ескобар намали на 1:2 во 80 минута, но немаше сили да стигне до нерешено.
За САД ова е 13 финале во Голд купот.
Мексико се радуваше на победа над Хондурас благодарение на погодокот на Раул Хименес во 50 минута. Напаѓачот на англискиот премиерлигаш Фулам го матираше противничкиот голман, а тој момент се покажа и како решавачки на полуфиналната пресметка.