Без калкулации, Македонија и со втор состав може ги надигра Ерменците

Македонската фудбалска репрезентација со важен натпревар против Ерменија (18 часот) ги завршува обврските во 2020 година.

По изборениот историски пласман на Европското првенство, на избраниците на Игор Ангеловски им преостана мисијата наречена „Сегмент Б“ во Лигата на нациите, пласман во повисокиот ранг кој воедно ни носи учество во разигрувањата за Мундијалот кој во 2022 година ќе се одржува во Катар.

Рисовите се значително ослабени во пресрет на мечот против Ерменците, кој ќе се игра во Никозија, ќе настапат без капитенот Пандев, Елмас, Алиоски, Адеми, Димитриевски, Ристевски, суспендираните Николов и Спировски, како и повредениот Барди. Селекторот Ангеловски ќе мора да комбинира за овој меч, во кој ни одговара и евентуално реми.

Според состојбата на табелата во групата 2, на Македонија ѝ одговара и реми за да го задржи првото место на кое седи со 9 бода. Ерменија ќе атакува по целиот плен бидејќи има еден бод помалку, а тоа подразбира отворен фудбал прикажан од двете селекции.

Селекторот Ангеловски нема да прави калкулации, ќе излезе на терен со најсилниот состав кој му е на располагање во овие моменти, а особено очекува придонес од искусниот Тричковски, кој практично е домаќин бидејќи терените на Кипар му се доста познати.

Во ситуација кога Ерменија беше во улога на домаќин против Македонија, последните два меча ги доби со убедливи 4-1 и 4-0, но сега се игра на неутрален терен, па тој учинок и нема толку многу да им користи на Ерменците. Ако се гледаат последните пет меѓусебни средби, билансот е 2-2 во победи и реми одиграно во 2010 година.

Според коефициентите во Sport Life, Ерменија е благ фаворит, додека евентуална „двојка“ на Македонија има супер квота 2.85.

- Оглас -

Најнови вести