Без калкулации: Македонија ќе тргне офанзивно, време е Миовски да проработи

Со осум гола во 14 мечеви во дресот на Абердин во новата сезона, Бојан Миовски покажува дека е во одлична форма. Македонските навивачи очекуваат голгетерот кој блеска на клупски план конечно да донесе радост и во националниот дрес.

Миовски има одиграно 13 натпревари за Македонија и само еден гол на пријателска средба против Фарски Острови. Едноставно сега е време да покаже дека е клучен за вачни мечеви. Селекторот Благоја Милевски верува во Миовски и заедно со Елиф Елмас ќе бидат двајцата најистурени фудбалери во нападот.

Според можниот состави, Македонија против Укрина треба да започне во формација 3-4-1-2 и тоа со Димитриевски на голот, а Манев, Серафимов и Муслиу како негов прв одбранбен ѕид. Димоски и Алиоски се задолжени за страничните позиции, додека во средниот ред играта треба да ја контролираат Алими, Атанасов и Барди. Во нападот покрај Миовски ќе биде и Елмас.

Украина ќе биде ослабена со неиграњето на двајцата главни напаѓачи, а тоа се капитенот Јармоленко и Циганчев кој постигна гол на дуелот во Скопје. И без овие двајца, Украина е силна и во формација 4-2-3-1 треба да се спротистави на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести