Откако Фулам го елиминираше победникот на ФА купот од претходната сезона, Манчестер јунајтед, веќе се познати и двојките за четвртфиналето, во кое ќе нема класично дерби.
Се чини дека најтешко мина Манчестер сити, кој ќе гостува кај незгодниот Борнмут, додека најголема среќа имаше Астон вила, која за противник на гостински терен ќе го има единствениот второлигаш во ова друштво, Престон.
Фулам и Кристал палас ќе се сретнат во локалната пресметка, додека Брајтон својот противник ќе го дознае во понеделник, а тоа ќе биде победникот од последниот меч од осминафиналето, помеѓу Нотингем форест и Ипсвич.
| FA Cup quarter-final draw is now complete. ✅ pic.twitter.com/3a9Cvae32h
— EuroFoot (@eurofootcom) March 2, 2025