24.8 C
Skopje
петок, 19 септември 2025

Без контролки во текот на зимската пауза

Од оваа сезона секој клуб во Премиер лигата доби по седум дена одмор во текот на првиот месец од новата година. Тоа не значи дека нема да се играат натпревари во тој период. Паузата е применета со цел 10 клубови да одмораат седум дена, а останатите 10 да ги завршат обврските во куповите и обратно.

Оваа одлука се донесе со цел на играчите да им се даде потребниот одмор по густиот распоред за време на божиќните и новогодишните празници, а веќе за следната сезона премиерлигашите ќе добијат упатства што треба да прават за време на паузата.

Челниците на шампионатот во текот на оваа работна недела ќе одржат состанок, по кој ќе испратат соопштение до сите клубови во кое ќе биде нагласена забрана за организирање пријателски натпревари. Наместо контролки, клубовите ќе може да организираат тренинг-мечеви од затворен карактер, додека тренинзите ќе бидат достапни за јавноста. Што се однесува за фудбалерите, ќе им биде дозволено да продолжат со своите маркетиншки обврски доколку ги имаат.

Оваа пауза ќе им овозможи на премиерлигашите со време да го испланираат одморот и да закажат кампови на топли дестинации. Од клубовите се очекува да го почитуваат планот за одмор и да не закажуваат пријателски средби.

- Оглас -

Најнови вести