Без многу „филозофии“: Со едно евро, за 45 минути заработи 500 евра

Најразлични се игрите и комбинациите кои обложувачите ги пробуваат за да стигнат до добитен тикет. Обложувач од Sport Life ни испрати ливче на кое има само четири мечеви, уплатен е на само 60 денари и воопшто немало потреба да чека да заврши цел натпревар за да дознае дека е добитен.

Играта која ја искористил за да направи вистински тикет е да бидат постигнати барем три погодоци во првото полувреме. Одиграни се средби кои започнуваат во 16 часот, што значи дека по завршување на првото полувреме, тој веќе знаел дека е добитен и тоа на одлични 32.250 денари.

Антверпен немаше милост против Стандард и го победи со 6:0, а домаќините на полувреме водеа дури со 4:0, па без проблем беше погоден коефициент 6.25. Останатите три погодени дуели се од англиските ниски лиги.

Во Лига еден (трета лига во Англија), Петерхед со 5:0 го победи Кембриџ, а на полувреме домаќините водеа со 3:0. Интересно е дека до 34 минута немаше голови, а потоа за само шест минути, Петерхед успеа да погоди три пати.

Во аматерските лиги, Маклесфилд со 2:1 беше подобар од Витби и сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме, колку што беше и потребно. Гатесхед со 6:0 го растури Доркинг, а на полувреме домаќините имаа предност од 3:0 и тоа со голови постигнати во период од 20 до 33 минута.

Со ваков исход на овие четири мечеви, тикетот уплатен во Маџари, за помалку од еден час беше добитен на повеќе од 500 евра, со уплата колку едно евро.

- Оглас -

Најнови вести