Без натурализирани во ноемврискиот циклус

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Марјан Лазовски, го скрати списокот на повикани кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари во рамките на квалификациите за Европското првенство 2019, а на листата нема натурализирани.

Криси Гивенс и Дјуана Бонер фигурираа на поширокиот список на Лазовски, но нема да настапат од различни причини. На скратената листа ги нема и Едина Муса и Нена Трајчевска, а тука е Јелена Антиќ, за која е неизвесно дали ќе игра бидејќи не е во натпреварувачка форма.

Од друга страна, шанса да дебитираат за сениорската селекција ќе добијат неколку млади кошаркарки кои во иднина треба да бидат носителки на играта на репрезентацијата.

За првиот собир, закажан за 12-ти ноември, со почеток во 20 часот, во малата сала при спортскиот центар „Јане Сандански“, предвидено е да се појават 13 кошаркарки. Тоа се: Анџелика Митрашиновиќ, Ивона Пејковска, Ана Тантуровска, Софија Лазареска, Александра Стојановска, Ивана Кметовска, Матеа Николиќ, Јована Петрушевска, Јелена Антиќ, Цветанка Димова, Анамарија Шеќероска, Ивона Кожобашиовска и Кристина Јаневска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести