Повредата на Стеф Кари е потешка и посериозна од што се очекуваше. Ѕвездата на Голден стејт поради скршеница на раката која ја заработи кон крајот на минатиот месец, првично требаше да паузира до февруари пред да се врати на паркетите, но се појави информација дека би можел да ја пропушти целата регуларна сезона.
Без него, Воините би имале минимални шанси да се пласираат меѓу осумте екипи од Западот кои ќе играат во разигрувањата. Од таборот на Голден стејт засега не сакаат предвреме да ја потврдат оваа вест, туку ќе почекаат рехабилитацијата да си го направи своето, па дури потоа ќе донесат конечна одлука.
Ова секако е тежок удар за вицешампионот, кој пред крајот на минатата сезона остана без услугите на Клеј Томпсон.
Кари во четирите меча кои ги одигра сезонава одржуваше просек од 23,5 поени по натпревар, додека Голден стејт има скор од 2-6 по првите осум меча во новата сезона.