Јапонецот Рјоју Кобајаши е освојувач на традиционална новогодишна турнеја во ски-скокови „Четири скокалници“. Интересно е дека Кобајаши не победи на ниту една од четирите скокалници, но беше најконстантен и на крајот освои најголем број на вкупни поени.
На сите четири натпревари, Јапонецот беше втор, а на крајот освои 1.145,2 поени, што беше доволно да биде пред Германецот Андреас Велингер кој заврши на втората позиција во вкупниот пласман со 1.120,7 поени.
На последното натпреварување на скокалницата во Бишофсхофен, Кобајаши имаше скокови од 137 и 139 метри и на крајот заврши зад победникот Штефан Крафт од Австрија.
Ова е трет пат Кобајаши да триумфира на Четири скокалници, повторувајќи го успехот од 2019 и 2022 година. Јапонецот е петти ски-скокач кој има барем три трофеи на Новогодишната турнеја. Рекордер е Јане Ахонен со пет трофеи, а потоа следуваат Јенс Висфлог со четири и неколку ски-скокачи кои имаат по три титули.